На пет места околу Дреница на Косово се пука -Вучиќ не се повлекува!

од desk4
166 прегледи

 

  Српскиот министер за одбрана Александар Вулин изјави дека во овој момент во околината на Дреница во Косово, каде што српскиот претседател Александар Вучиќ треба да помине до селото Бање, на пет места се пука, а според него, тоа го прават вооружени ветерани на ОВК, а одговорен е претседателот на косовското собрание Кадри Весељи.

– Нашиот претседател нема да биде сам и нема да остане незаштитен. Моментно на пет места има блокади, вооружени луѓе кои пукаат, очекуваме и реакција од КФОР, а зад се ова стои Кадри Весељи и тој е одговорен за се што ќе се случи, истакна Вулин.

Тој за телевизијата Пинк нагласи дека КФОР треба да ја реши таа ситуација, бидејќи имаат и обврска и одговорност да реагираат.

– Вучиќ оди во најопасниот дел на Косово, оди во Дреница и таму на пет места го чекаат вооружени луѓе, истакна Вулин.

 

 

 

https://www.facebook.com/KlanKosovaOfficial1/videos/2175689922671871/

 Српскиот претседател Александар Вучиќ сепак тргна кон селото Бање во општината Србица, иако косовската Влада ја откажа неговата посета бидејќи КФОР и косовската полиција не можат да му гарантираат безбедност.

Вучиќ претходно изјави дека и покрај информациите за блокада на патот, по кој треба да помине денеска кон селото Бање, ќе се обиде по друг, околен пат за да стигне до селото, но сепак изрази сомнеж дека ќе успее.

– Тешко дека ќе стигнеме, ќе видиме, изјави Вучиќ и побара од српските медиуми да останат во косовска Митровица и да не тргнуваат по тој пат, бидејќи тој таму попладневи ќе оддржи гововр.