Обвинувањата за провокација    на српскиот претседател  стигнаа по неговиот говор во Косово, во кој Слободан Милошевиќ го опиша како “голем лидер”. Ова го истакнаа косовскиот претседател Хашим Тачи и хрватската влада.  

Хрватска објави дека Белград не може да ги промени фактите. 

Очекувано, неговата посета на Косово беше проследена со тензии меѓу локалното население. 

Европската комисија побара минатото да се надмине во име на иднината на Западен Балкан.  Сепак, реакцијата на соседите на Србија покажува дека тоа не е заборавено.

  Српскиот претседател објави дека балканската држава не сака повеќе војни во Косово и се обидува да изгради доверба и пријателство со мнозинството Албанци по ерата на конфликтот.

Сепак,  Александар Вучиќ во исто време упати закана за време на говорот во Косово, истакнувајќи дека Србија ќе ги заштити српското малцинство во поранешната покраина, ако биде подложено на напад.