Во Австралија, цигарите се најскапи, а на Балканот – во Бугарија и во Хрватска

од desk4
738 прегледи

Светската здравствена организација (СЗО) спроведе истражување на глобалните цени на цигарите. Податоците ги објавува истражувачки центар кој ги споредува трошоците за живот во сите земји.

Според овие извори, Македонците пушат најевтините цигари во регионот, плаќајќи за кутија цигари – 1,95 евра, а најскапи се во Хрватска – 3,50 евра. Во Србија и во БиХ цената на цигарите е помеѓу 2,40 и 2,60 евра. Во Албанија тие чинат 2,37 евра, а во Бугарија – 2,81 евра.

Најскапите цигари во Европа се во Норвешка, Ирска, Велика Британија и Исланд, а цените се движат од 10,32 до 11,54 евра, објави Б92.

Најскапите цигари во светот пушат Австралијци, каде што една кутијаплаќаат повеќе од 17 евра.

П