Во Европа пристигнува нов пеколен топлотен бран, покажуваат прогнозите кои што ги објави порталот “Severe Weather Europe”.

Температурите кон средината и крајот на овој месец во централна, западна, источна и југоисточна Европа ќе бидат за 8 до 10 степени Целзиусови повисоки од вообичаените температури карактеристични за тој период од годината.
„Таквата аномалија на високи температури значи дека максималните дневни температури би можеле да бидат до 30 степени Целзиусови на далечниот север и на делови од северна Германија и Бенелукс“, стои во текстот.
Ситуацијата според “Severe Weather Europe” нема да биде поразлична ниту во останатите делови од Европа.
„Пониско на југот, во Франција, Италија и Панонската низина, вклучувајќи делови на Унгарија, Хрватска и Србија, температурите би можеле да се искачат и над 30 степени Целзиусови“, се прецизира во текстот.
Според споменатиот портал, врвот на новиот топлотен бран кој ќе го погоди Стариот континент се очекува да биде кон средината на идната седмица.