Карфиол и брокула – тањир полн здравје

од desk2
650 прегледи

 

Иако овие зеленчуци не се прв избор на децата, не заборавајте дека од нив можат да се направат многу здрави и вкусни јадења.

Кељ, зелка, карфиол и брокула спаѓаат во исто семејство, но само брокулата, содржи состојки кои го поддржуваат имунитетот.

Брокулата е вреден извор на витамини и минерали. Докажано е дека содржи разлиќни биолошки активни состојки и антиоксиданси кои го намалуваат ризикот од некои типови рак и срцеви заболувања.

И карфиолот спаѓа во изразено здрави видови зелечнук. Тој содржи фолна киселина, Бе витамин, 14 различни минерали и елементи во трагови како и 18 различни аминокиселини.

Популарни се густите крем чорби со неколку капки слатка павлака. Многу се вкусни ако ги подготвувате на пареа.

Кога карфиолот или брокулата ги подготвувате за деца, исечените дршки прво варете ги во врела солена вода околу пет минути, па додадете ги цветовите и варете ги заедно уште пет минути.

Исцедете го зеленчукот и понатаму додадете по вкус што сакате.