Во Израел откриена праисториска пиварница стара 13.000 години

од desk2
119 прегледи

Археолозите во близина на градот Хаифа во пештера наишле на остатоци од пиварница стара 13.000 години .

Најстарата до сега откриена пиварница е дело на племето Натуфи , кои живеел на тоа подрачје пред десетици илјади години.

,, Ова е најстар доказ на светот дека во праисторијата се произведувале алкохолни пијалоци.” , вели професорот Дани Надел , кој ја предводи групата археолози.

Се уште е нејасно каков вид алкохол се произведувал во дестилеријата , така што научниците претпоставуваат дека станува збор за ферментирана житна каша , слична на пивото. Во истата пештера биле погребувани и мртвите , што била приоритетна цел на археолозите , а дестилеријата ја откриле сосема случајно .

Натуфијската култура почнала пред 15 000 години на просторот на источен Медитеран , а алкохолот најверојатно го произведувале како дел од погребната церемонија.