Колумбиската полиција го затвори малиот музеј во Меделин кој го прикажуваше животот и времето на злогласниот наркобос Пабло Ескобар, затоа што неговите сопственици немаат дозвола за извршување активности, соопштија властите.

Наведено е дека во музејот имало седум посетители кога полицијата восредата ја изврши акцијата и го запечати влезот.
Музејот со кој раководи 71-годишниот брат на Ескобар, Роберто, беше популарна дестинација на ткн. „нарко тура“ во Меделин.
Таа контроверзна тура ги води посетителите на неколку места поврзани со животот на Пабло Ескобар, меѓу кои и неговата гробница, затворот кој го изгради за себе и луксузната вила која ја бомбардираа неговите непријатели.
Градоначалникот на Меделин, Федерико Гутиерес вели дека такви тури се легални, но дека не му се допаѓаат затоа што прмовираат „мафијашка култура“.
„Што ако зборуваме за жртвите на (трговија со дрога) и направиме нешто за да не ги заборавиме, место луѓето кои направија толкава штета да ги прикажуваме како легенди“, вели тој.
Гутиерес водеше кампања за промена на градката култура и се изјасни против телевизиските серии кои се занимаваат со животот на меделинските наркобосови.
Тој изнесе и планови за уривање на МОнако, напуштена шесткатница која припаѓаше на Ескобар, и претворање на локацијата во парк во кој ќе има споменик на жртвите на колумбиските картели, меѓу кои и стотици убиени полицајци по наредба на Ескобар.
„Убеден сум дека сите симболи на беззаконие мора да исчезнат“, вели градоначалникот.