Доколку сте уморни и тешко ви е да се концентрирате, наместо да пиете кафе, подобро е десетина минути да се качувате по скали, тврдат американските научници. 
Во истражувањето учествувале 18 девојки на возраст од 18 до 23 години кои имале навика навечер да спијат помалку од 6,5 часови и консумираат мало количество на кофеин.
Едната група во текот на денот земала една капсула од 50 милиграми кофеин, додека другата десетина минути со умерено темпо се качувала по скали.
Истражувањето покажало дека жените кои се качувале по скалите, по оваа вежба се чувствувале поенергични и помотивирани отколку испитаниците кои против заморот се бореле со помош на кофеин.