Како Токио ќе ги трансформира Олимписките игри во 2020 година?

од desk2
97 прегледи

Роботски преведувачи, автономни такси возила и слично е дел од планот на Јапонија која со помош на технологијата целосно ќе ги трансформира Олимписките игри во 2020 година, пишува Business Insider.

Јапонија ја сметаат за една од технолошки најнапредните земји во светот, затоа плановите за Игрите во 2020 година воопшто не се изненадувачки. Тие ќе бидат уште еден пример за иновативната технологија и организација.

Според Japan Times, целата електрична енергија употребена за Игрите ќе биде снабдена од обновлив извор на енергија. Медалите ќе бидат од рециклирани стари гаџети како телефони и дигитални камери. Засега се најавени и роботи преведувачи како и такси без возачи за туристите. Подготовките се во тек, а Јапонците се подготвени за предизвиците.

Погледнете како изгледа тоа во видеото:

https://www.facebook.com/worldeconomicforum/videos/258605961649021/