Непријателството меѓу Мурињо и Погба продолжува со полна сила и на тренинзите (ВИДЕО)

од Vlatko K
80 прегледи

По последните превирања во Манчестер Јунајтед по оската Жозе Мурињо – Пол Погба за стилот на игра на тимот и капитенската лента, „Скај Спортс“ излезе со кадри од денешниот тренинг на „црвените ѓаволи“, на кои јасно се гледаат тензиите меѓу двајцата.

Видеото покажува како ѕвездата на Јунајтед се поздравува со новиот тренер на тимот Мајкл Карик и со уште еден човек од штабот на Мурињо, но кога го гледа Португалецот, светскиот шампион со Франција му фрла мрачен поглед.

Следат реплики меѓу тренерот и играчот кој постојано го има истиот израз на лицето.