Амерканските научници открија начин како со месеци да го сузбијат ХИВ вирусот во телото на пациентот, користејќи двојни дози антитела, кои можат да внесат промена на начинот на лечење на таа болест, пренесе AFP.

Во светот расте борјот на заразени со ХИВ кои користат лекови, но мораат да почитуваат строги правила за да бидат во добра состојба и лековите да ги земаат до крајот на животот.
Истражувачите истакнуваат дека комбинацијата од два протеини, познати по својот противефект на ХИВ, може да го сузбие вирусот со 30 дена, а тоа дава надеж дека е можно да се развие третман на заразени од ХИВ кој не подразбира секојдневно земање лекови.
Безбеден и доверлив третман со антитела може да отвори нови можности за пациентите кои живеат со ХИВ, оцени директорот на Националниот институт за алергии и заразни болести во Мериленд, Ентони Фаучи.
Тој заклучи дека третманот со антитела е прв чекор кон развој на нови видови лечење. Истражувачите истакнуваат дека првите резултати со антитела активно го сузбиваат ХИВ вирусот.
Според проценките на ОН, 1,8 милиони луѓе во 2017 година се заразени со ХИВ вирусот, а 940 умреле од таа болест.