Алексов: МОСТ со 1.500 набљудувачи ќе го покрива референдумот

од desk2
80 прегледи

Извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов во интервју за МИА истакнува дека граѓанската асоцијација ќе го набљудува гласањето со околу 1.500 набљудувачи со што ќе бидат покриени околу 33 отсто од гласачките места во Република Македонија, како и 33 отсто на ниво на секоја општина.

– Дополнително, во секоја општина ќе имаме мобилни набљудувачи кои ќе ја набљудуваат атмосферата надвор од гласачките места. Ќе бидат распоредени набљудувачи и во сите 80 општински изборни комисии, како и во Државната изборна комисија, вели Алексов.

Извршниот директор на МОСТ потенцира дека никој не смее да го повредува правото на глас и да врши притисок граѓаните да не излезат да гласаат.

– Секој граѓанин со право на глас мора да ги има сите услови непречено да го оствари ова свое право. Во сите 16 изминати години, МОСТ ги повикувал граѓаните да излезат и да гласаат, а институциите и останатите засегнати страни да им овозможат слободно да ја изразат својата волја. Оттука, ги повикуваме граѓаните да не ја пропуштат оваа шанса и да учествуваат во носењето на оваа важна одлука, вели Алексов во интервјуто за МИА.

Целото интервју тука