Рекордна посетеност во зоолошка, 10.000 луѓе дојдоа да ги видат Дуња и Даела

од desk2
129 прегледи

Зоолошката градина во Скопје денеска го сруши рекордот во продадени билети. Околу 10.000 луѓе дојдоа да ги видат новите жители на Зоолошката градина, слониците Дуња и Даела. Нивното живеалиште денеска беше официјално отворенио во рамки на настанот „За европска Зоолошка“.

Од Зоолошка градина велат дека паркот никогаш не бил попосетен. Редици од посетители можеа да се видат на влезот од Зоолошката, а вкупно биле продадени над 9.500 билети.