Зимско работно време на ЈП „Градски паркинг“

од desk4
193 прегледи

  Од денеска почнува зимското сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје. 

Работното време во зоните А, Б и Ц од понеделник до петок ќе биде од 7:00 до 21:00 часот, а во сабота од 7:00 до 14:00 часот.

– На јавната површина наменета за паркирање зона Д работното време останува исто, од понеделник до сабота од 7:00 до 23 часот, соопшти ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.