Блогот „Passenger Shaming“ кој ги именува и овековечува најлошите однесувања на туристите, преполн е со примери за непристојно облечени туристи за време на лет.

Иако мислите дека кодексот со правила за облекување во авион е веќе минато, сепак и во денешно време постојат некои граници.
Некои авиокомпании како American Airlines имаат правила за облекување, кои не се однесуваат само за персоналот во авионот, туку и за патниците.
Порано оваа година, во јавноста излезе снимка од една патничка која леташе со авион на споменатата компанија, поточно се обиде да го направи тоа.
Имено, таа на влезот во авионот тврдеше дека некој и ги искинал фармерките, а бидејќи персоналот не сакаше да ја пушти да се качи во авионот, таа едноставно збесна и направи скандал.
Сличен инцидент е забележан и во 2017 година, кога две тинејџерки патуваа со авион на компанијата United Airline. Тие не можеа да се качат во авионот, бидејќи носеа хеланки.
Возење со авион во минатото
Слични правила има и Air New Zeаland, каде се бара „високо ниво на облекување“, а за неприфатлива облека ги сметаат тренерките, искинатите фармерки, кратките панталони и голи или боси нозе.
„Њујорк Тајмс“ пишува дека речиси сите авиокомпании имаат правила за облекување, но дека некои како United Airlines се доста ригорозни по тоа прашање, бидејќи нечиј непримерен изглед може да предизвика непријатност или да ги навреди другите патници.