Аукциската куќа Julien’s Auctions на својот нареден настан ќе го продава моделот Ford Thunderbird од 1956 година, кој и припаѓаше на легендарната американска актерка, пејачка и модел – Мерлин Монро.

Thunderbird беше во сопственост на Монро од 1955 до 1962 година, а не многу долго време откако го купи се омажи за Артур Милер, американски драмски писател и значајна фигура во американскиот театар во 20 век.
Парот се возеше со овој автомобил и на денот на венчавката, 28 јуни 1956 година.
Монро го поседуваше Thunderbird до 1962 година кога му го подари на Џон Стресберг, син на нејзиниот ментор по глума. Ова се случи неколку месеци пред нејзината трагична смрт.
Покрај тоа што беше во сопственост на славна личност, моделот Thunderbird е икона сам по себе. Станува збор за нова генерација на модел кој беше спортски кабриолет со две седишта, но не се рекламираше како спортски за разлика од ривалот Corvette, туку како луксузен модел.
Под хаубата се наоѓа V8 мотор кој испорачува 225 коњски сили, доволни за автомобилот да може да забрза до максималните 182 километри на час. Ова не е многу за денешните стандарди, но треба да се има во предвид дека автомобилот е произведен во 1955 година.
Аукцијата ќе се одржи на 16 и 17 ноември во Лос Анџелес во Калифорнија. Се очекува автомобилот да биде продаден по цена помеѓу 300.000 и 500.000 долари.