Бројот на мртви од силниот земјотрес и цунами во Индонезија се искачи на 832 лица во неделата, а преживеаните се борат да најдат храна и вода. Се зголемува и бројот на грабежи, а расте и стравот, бидејќи од некои подрачја се уште нема никакви вести.

Во морето од тажни приказни за Индонезија, се најде и една тажна на прекрасен начин. Имено, 21-годишниот контролор на летови Антониус Ганван Ангунг, во петокот си го жртвуваше сопствениот живот за да обезбеди сигурно полетување на патнички авион, кој превезуваше стотици патници од градот Палуа, исто така погоден од земјотрес и цунамито.
Ангунг во текот на земјотресот при магнитуда од 7,5 степени по скалата на Рихтер, одлучи да остане во контролниот табор на аеродромот во Палуа, иако ѕидовите почнале да пукаат и целата зграда почнала да се наведнува. Ангунг управуваше со летот 6321 Batik Air на авионот при полетувањето и не сакаше да побегне, додека стотици животи беа во опасност.
„Ова е несебична и херојска одлука која го чинеше Ангунг живот, но тој со својот чин спаси стотици други животи“, изјави Јоханес Сираит, портпарол на Navigation Indonesia.
Скокна од зграда, мислејќи дека таа ќе се сруши
Откако успешно го испрати авионот во воздух од пистата, Ангунг скокна од четврти кат мислејќи дека зградата ќе се сруши при земјотресот. Од падот ја скрши ногата и се здоби со тешки внатрешни повреди, од кои потоа и почина.
„Подготвивме хеликоптер за да го однесеме во поголема болница во друг град. За жал, Ангунг почина“, додаде Сираит.
Земјотресот не ја сруши, но ја оштети зградата и ја уништи пистата за авиони долга 250 метри.