Министерството за одбрана на Русија објави снимкаод истовар на противвоздушни ракети во Сирија.

На снимката се гледа како во вечерните часови се истовара воено-транспортен авион An-124 “Ruslan”.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на состанокот со претседателот Владимир Путин и со членовите на СОветот за безбедност на Русија соопшти дека на Сирија и се предадени 49 единици техника во рамки на системот S-300 заради зголемување на безбедноста на руските војници во Сирија.
Шојгу додаде деа работата на воспоставување на единствениот систем за контрола на противвоздушната одбрана во Сирија ќе биде завршена на 20 октовмри. За три месеци сириските стручњаци ќе бидат обучени да ги користат руските системи S-300.
https://twitter.com/Ruptly/status/1047389918186692608