Осумгодишно девојче најде викиншки меч во езеро во Шведска

од desk2
91 прегледи

Девојче на возраст од 8 години во Шведска пливало во езерото во близина на нејзината куќа, и извлекла меч од времето на Викинзите.

„Не секој ден некој стапнува на меч во езеро“, вели Микаел Нордстром од Музејот Јончопинг Ланс.

Но, што се случило и како Сага Ванецек најде меч од времето на Викинзите во езерото Видостерн, ова лето.

„Почувствував нешто во езерото и го подигнав. Беше тоа рачка, и му кажав на татко ми дека личи на меч“, вели таа. „Беше многу јако и возбудливо!“.

Мечот се проценува дека е стар најмалку 1.000 години и го привлече ниманието на многу археолози и историчари.

„Долг е 85 см, и има сочуван метал и дрво околу него. Очекуваме конзерваторите да ја завршат работата и да дознаеме повече за него“, вели Нордсорм.

Пред извесно време на истото место најден е и брош од тоа време.