Актерка од „Grey’s Anatomy“ со фотографии од ќеркичката и порака ја подигнува свеста за лицата со Даунов синдром

од desk2
205 прегледи

Катерина Скорсоне сподели неодоливи фотографии од ќеркичката заедно со своја порака за да придонесе во подигнувањето на свеста за лицата со Даунов синдром. Таа вели дека различностите се убави и дека треба да се внимава на јазикот кога се зборува за Дауновиот синдром.

Скорсоне е позната по улогата на Амелија Шепард во „Grey’s Anatomy“.

По повод месецот за подигнување на свеста за лицата со Даунот синдром, 36-годишната актерка сподели три фотографии од едногодишната Палома Михаела, а во описот напиша:

„Октомври е месец за подигнување на свеста за лицата со Даунов синдром. Еве ви малку информации: 1 од 700 бебиња се раѓа со Даунов синдром. Зборовите се важни. Родителите немаат 1:700 „РИЗИК“ да имаат бебе со Даунов синдром. Родителите имаат 1:700 „ШАНСА“ да имаат бебе со Даунов синдром, исто како што имаат 50 проценти ШАНСА да имаат девојче или 50 проценти ШАНСА да имаат момче. Разликите се убави. Зборовите го менуваат начинот на кој луѓето размислуваат. Зборовите се важни“.

Пораката беше проследена со хаштаговите: #hitthejackpot #theluckyfew #nothingdownaboutit #love.

На една од фотографиите 6-годишната Елиза, сестричката на Палома, ѝ дава да пие од чаша.

Скорсоне постојано се залага за подигнување на свеста за Дауновиот синдром. Таа редовно објавува и фотографии од својата ќеркичка, а ги споделува и инспиративните приказни кои се шират на социјалните мрежи за лицата со ова нарушување.

На една од фотографиите објавени во минатото, Катерина напиша: „Тој ни испрати мало бебенце за да нè научи како да сакаме“.

Катерина е во брак со актерот Роб Гајлз.