Нов доказ дека човекот не стапнал на Месечината?

од desk2
161 прегледи

До сега се слушнати многу тероии дека мисијата Аполо 11 не се случила, иако имаше можност да се гледа и во живо. Но сомнежите постојат до ден денес.

Овојпат луѓето забележаа нешто чудно од фотографијата на отисокот од чизмата, па отишле во Националниот музеј за авијација и астронаутика во Вашингтон, каде се изложени костимите на астронаутите, и забележале дека ѓонот на чизмата од Нил Армстронг не одговара со отисокот на Месечината.

Но, има причина за тоа. Прво, додека Армстронг и другите членови на посадата носеле вселенски костим (Skylab A7L) тие имале и повеќе опрема. конкретно чизми со длабока ознака на газечкиот слој, токму како оние од отисокот на Месечината. Второ, отисокот на фотографијата не му припаѓа на Нил Армстронг туку на Баз Олдрин. И трето, чизмите не се во музејот туку оставени се на Месечината заедно со друга опрема.