Гиговска ја исполни композицијата „Никогаш не вели никогаш“. За текстот на оваа композиција е заслужна Магдалена Цветковска, додека зад музиката и аранжманот се потпишува нејзиниот брат, Лазар Цветковски. Антониа по сѐ изгледа дека има целосна доверба во нив, затоа што тие соработуваат веќе неколку години. Викторија Бурсац е одговорна за нејзиниот фантастичен стајлинг, заедно со „Fashion Group Macedonia“ и „Swarovski“, додека за шминката и фризурата се погрижиле Катарина Вељанова и Зоки Давитков. Наградата со која се закити Антониа е во вредност од 5.000 евра.

Второто место го освои позатиот пејач и композитор, Роберт Билбилов, кој ја зема наградата во вредност од 4.000 евра, а третата награда од 3.000 евра отиде во рацете на Дани Димитровска.
Пејачката Наташа Малинкова, оваа година беше добитничка на „Награда за најдобра интерпретација“.
За „Најдобар дебитант“ на 33-тото издание на „Макфест“ беше наградена Нина Блажев, а признанието за „Најдобар сценски настап“ ѝ припадна на пејачката Пепа, додека Роберт Билбилов ја зема и наградата за најдобар аранжман. Наградите за изведувачите во овие категории, изнесуваат 500 евра.

Оваа година на „Макфест“, во големата сала на Домот на културата „Ацо Шопов“ беа изведени 32 композиции од домашната продукција. Победниците беа прогласени според гласови на стручно жири, медиумско жири и публиката, за разлика од претходните години, кога и гледачите од пред малите екрани можеа да гласаат за својот фаворит.

Оваа година исто така се разликуваше и по ревијалниот дел, кадешто настапуваше познатиот Дарио, а исто така му беше оддадена почит и на прерано заминатиот пејач, Влатко Илиевски, кој многупати се појави на „Макфест“ во улога на изведувач, но и како композитор.
Фестивалот, како и секоја година, се емитуваше на Македонската Радио Телевизија, под водство на Маријана Станојковска.