Магична супа за намалување килограми

од desk2
172 прегледи

Кога вагата ќе покаже бројка од која ве боли глава, тргнувате по најбрз и најефикасен начин да го скинете несканиот вишок.

Со помош на оваа магична супа ослабнале многу луѓе, а не е штетна за организмот.

СОСТОЈКИ:
200 гр мунго грав
2 чешниња лук
1 лажица сончогледово масло
неколку листови коријандер
1 лист ловор
1 лажичка изрендан ѓумбир
1/2 лажичка куркума во прав
3 лажици сок од лимон
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Мунго гравот потопете го во вода вечерта пред подготовка на напивката. Наредниот ден таа вода истурете ја, па ставете нова, свежа. Потребно е околу литар вода. Потоа додајте ловоров лист и ставете да зоврие.
Лукот изгмечете го, па додајте го во гравот. Потоа малку посолете и додајте куркума. Потоа додајте ги и останатите состојки, сè освен сок од лимон. Би требало да се готви околу 45 минути. Кога супата ќе биде готова, додајте сок од лимон.