„Женска вијагра“ во вид на спреј за нос

од desk2
184 прегледи

Назален спреј за јакнење на сексуалното возбудување и лекување на оргазмичко нарушување кај жените моментално минува низ клинички испитувања.

Лекот под име „Тефина“, во облик на спреј за нос кој во иднина треба да стане женска вијагра, моментално се наоѓа на клинички испитувања во Австралија и Канада. 

Тоа е тестостерон гел, кој се апсорбира во телото преку нос за неколку минути и потоа влијае на женското либидо во следните неколку часа.

Спрејот е предвиден за лекување на женското оргазмичко нарушување, кое се дефинира како „постојано или често одложување или отсуство на оргазам по нормална фаза на возбудување“.

Вијаграта само во Америка носи заработка од две милијарди долари годишно, но тешко може да се предвиди дали и женската верзија ќе донесе толку пари.

Слични содржини