Хрватската претседателка вдоми куче од прифатилиште за животни

од desk2
94 прегледи

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ во рамки на работниот престој во Вировитичко-подравската жупанија, го посети Прифатилиштето за животни. При обиколката, Кика, шестмесечна женка лабрадор, и го привлече вниманието и тоа ќе стане „првото куче“ на Хрватска.

– Доаѓаш на Пантовчак (претседателската резиденција) Кика. Ќе бидеш големо освежување меѓу оние големи кучиња кои ги имаме таму, му говореше претседателката на кутрето.

Посвојувањето на Кика со насмевки го проследија три одделенија од  вировитичкото локално основно училиште кои ја дочекаа Китаровиќ во прифатилиштето.