Жена во Хрватска осудена за озборување

од desk2
177 прегледи

Во бизарен судски случај во Хрватска, Бјеловар една жена на возраст од 56 години е осудена заради тешко срамотење на своите соседи.

Жената е пензионерка која прима пензија од 1.500 куни, а казната која и е изречена е во висина од 5.000 куни, ако во рок од една година не направи ново кривично дело.

Жената именувана како Марица, во хрватските медиуми, обвинета е од своите соседи Иван и Ѓурѓица, кои инаку живеат во Германија, затоа што пред соседите Марица ги клеветела. За нив зборувала лошо, а еднаш кога ги сретнала во продавница како купуваат храна за кучиња, зборувала дека тие јадат кучешка храна.

Судот преслушал седум сведоци и разгледал бројни докази по што донел пресуда. Инаку, соседите и Марица имале нерачсистени имотно-правни односи.