Стендап-комедија во рамки на „Нов културен бран 2018″ во Македонска Каменица

од desk2
132 прегледи
Во рамки на манифестацијата „Нов културен бран 2018“, утре во Домот на културата во Македонска Каменица ќе биде изведена стендап-комедијата „Вештачка интелигенција, природна глупост“ на стендап-комичарот Никола Тодоровски.
Како што информираат организаторите од здружението АСГАРД, настапот ќе биде хуманитарен.
– Оваа година АСГАРД донираше рекордни средства во локалната заедница, а практиката ќе продолжи и со ова стендап шоу. Нето-приходот од продажба на билети ќе биде дониран за подобрување на егзистенцијалните услови на фамилијата Спасевски за која во тек е хуманитарна акција, информираат од АСГАРД.
 
Како дел од „T Sound Festival”, настанот е поддржан од Министерството за култура со логистичка поддршка на Културно-информативен центар „Романса“ и Општина Македонска Каменица.