Се чини дека братските односи не се врска за влез во репрезентацијата само во нашата држава. Играчот на Баер Леверкузен, Леон Бејли одби да дебитира за репрезентацијата на Јамајка поради една навидум бизарна причина.

21-годишниот крилен фудбалер се појави на собирот на репрезентацијата на Јамајка и требаше да дебитира на натпреварот против Бонаире. Сепак, Бејли не настапи на тој натпревар откако од федерацијата на Јамајка не го испочитувале договорот да го повикаат неговиот помлад брат, Кајл Батлер во репрезентацијата.
Батлер е 20 годишен фудбалер кој игра за вториот тим на Ласк Линц во втората по ранг лига во Швајцарија.
Инаку Леон Бејли е во центарот на вниманието на фудбалската јавност затоа што игра одлично во Баер Леверкузен, а интересно е тоа што се уште може да избира дали да игра за Јамајка, Германија, Белгија или Англија.
– Очигледно, дојдов во Јамајка поради повикот во репрезентацијата. Се согласив да дојдам и постигнавме договор. Но кога дојдов, ситуацијата беше сосема поинаква. Не се држеа до договорот, па јас одлучив да не играм на натпреварот. Дојдов тука да играм за мојата репрезентација, затоа доколку го испочитуваат договорот, јас сум подготвен да го облечам дресот со националниот грб – коментираше Бејли за „Јамајка Глинер“.