Густ чад се шири во скопската општина Аеродром, доаѓа од Лисиче, а никој од надлежните не дава одговор што гори во населбата и кој е причинител на загадувањето.

Телевизија 24 побара одговори и подетални информации од општина Аеродром, но оттаму следи одговор дека се подготвуваат за реакција и се во постојана комуникација со инспекциите за да се открие кој е загадувачот кој жителите на скопски Аеродром многу често ги остава без здив./24 Vesti
Погледнете ги видеата кои до нашата редакција ги испратија загрижени граѓани: