Првите поени на Леброн за Лејкерс: Две брутални забивања

од desk2
104 прегледи

Леброн Џејмс во поразот од Портланд (128:119) го одигра својот прв натпревар во дресот на Лос Анџелес Лејкерс, својот трет НБА клуб.

Најдобриот кошаркар на светот на своето деби забележа 26 поени со 12 скокови и шест асистенции, а првите четири поени ги постигна во два напади по ред со брутални забивања.

Леброн од 2003 до 2010 година играше за Кливленд, потоа четири сезони помина во Мајами каде освои два наслова, а потоа се врати во Кливленд и на градот пред две години му ја донесе историската титула првак.

https://www.youtube.com/watch?v=U0vtVZTgQYM