Премиерот на Македонија, Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, го искористија денешниот празник и неработен ден за да уживаат во адреналинот кој им го дава возењето на квадрицикли. Истовремено премиерот и министерот уживаа и во природните убавини на Македонија.

Според фотографијата која на својот Фејбук профил ја објави министерот Николовски, тие се некаде на падините на планините околу Струмица, Беласица или Огражден.
https://www.facebook.com/ljupcho.nikolovski.03/posts/728429787523381