„Макпетрол АД ја информира јавноста дека фејсбук страната со име „Макпетрол Ултра“ не е официјална фејсбук страна на нашата компанија и нејзиниот креатор го злоупотребил името и логото на нашата компанија и бренд.

Дополнително, ја информираме јавноста дека наградната игра објавена на оваа фејсбук страна не е во организација на Макпетрол АД и претставува ширење на лажни информации, односно доведување на потрошувачите во заблуда.
Ја поттикнуваме јавноста да ги следи нашите официјални интернет канали, фејсбук страна „Макпетрол Ultra“, веб страните www.makpetrol.com.mk и www.verna.mk, како и твитер профилот „MakpetrolUltra“ преку кои ќе може да се информираат сите заинтересирани потрошувачи за најновите производи, акции, поволности, како и за официјалната наградна игра „Верна повторно наградува“, известуваат од Макпетрол АД.