Поради закани и загрозување на безбедност на пратениците поднесени нови кривични пријави

од desk2
85 прегледи

Двесет и седум годишен Охриѓанец доби кривична пријава затоа што на својот фејсбук профил објавил закани по живот за пратеникот Сашо Василевски кој е меѓу осуммината пратеници од опозицијата кои гласаа за уставните измени. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека охриѓанецот е повикан во полициска станица каде што појаснил дека објавата ја направил од неговиот мобилен телефон, кој е одземен за понатамошно вештачење. 

– Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против M.K. (27) од Охрид, поради објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ со која се предизвикува загрозување на сигурноста на пратеник, односно поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело по загрозување на сигурност . Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи, се наведува во соопштението.

Меѓу четирите лицата кои што добија кривични пријави е и 38 годишен маж од скопско Коњаре кое под сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста на пратениците и ширење на расистички и ксенофобични материјали.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика деновиве поднесе кривична пријава и против новинарот Миленко Неделковски кој со неговите коментари на социјалниоте мрежи иницирал загрозување на безбедноста на претседателот на Владата Зоран Заев. Од министерството за внатрешни работи за телевизија 24 велат дека во тек се ниови пет кривични пријави. Сите 80 пратенции кои во петокот гласаа за уставните измени со кои се подржува договорот од Преспа се под полициско обезбедување, затоа што како што посочи министерот Оливер Спасовски, одредена група блиска до Бојкотирам се заканува по животот на пратениците и нивните семејства.