Вкупно 11 натпревари се одиграа синоќа во НБА лигата, но за вистинското шоу љубителите на кошарката требаше да чекаат до последниот натпревар, во кој се сретнаа екипите на Голден Стејт Вориорс и Вашингтон Визардс. Стеф Кари со импресивен натпревар ја воодушеви домашната публика, која можеше да се израдува и на победа на Вориорс.

Тимот на Голден Стејт Вориорс стигна до победа на домашен терен против Вашингтон Визардс со конечен резултат 144:122.
Вориорс започнаа силно уште од првата четвртина, во која постигнаа 47 поени. Натпреварот продолжи во истата насока и Вориорс само градеше на предноста со која се стекна во првата четвртина, а Стеф Кари ја искористи добрата шутерска вечер за уште еднаш да докаже дека е несомнено најдобриот шутер во лигата. Тој го заврши натпреварот со 51 поен, а шутираше 11/16 од зад линијата за три поени. Кевин Дурент додаде 30 поени и 8 скока за да ја заокружи победата за Вориорс.
Во тимот на Вашингтон Визардс се истакна само Бредли Бил, кој постигна 23 поени за само 19 минути, додека Џон Вол имаше уште една лоша шутерска вечер и го заврши натпреварот со 13 поени и 6 асистенции. Од клупата, Кели Убре Џуниор и Џеф Грин придонесоа со 17, односно 10 поени.
Останати резултати:
Атланта Хокс – Далас Маверикс 111:104
Кливленд Кавалирс – Бруклин Нетс 86:102
Мајами Хит – Њујорк Никс 110:87
Торонто Репторс – Минесота Тимбервулвс 112:105
Чикаго Булс – Шарлот Хорнетс 112:110
Хјустон Рокетс – Јута Џез 89:100
Сан Антонио Спарс – Индијана Пејсерс 96:116
Милвоки Бакс – Филаделфија Севентисиксерс 123:108
Феникс Санс – Лос Анџелес Лејкерс 113:131
Сакраменто Кингс – Мемфис Гризлис 97:92