219
Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев во телевизискиот дуел на Канал5 со аналитичарот Агим Јонуз упати навредливи зборови кон претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и германскиот министер за надворешни работи Михаел Рот.
Во емисијата, во која се дебатираше за Македонија на тема „Линија меѓу Западот и Русија“, Бачев на крајот од дебатата ги нарече двајцата високи фукционери „п**ери“.
Јонуз беше непријатно изненаден од ваквиот речник на соговорникот и му одговори дека ќе му треба подолго време за да сфати што тој всушност изговорил.