На сите им треба поддршка од луѓето, особено од најблиските. Понекогаш доволно е само сознанието дека некој се грижи за вас и сака да ви помогне да го пребродите тешкиот период и да се чувствувате подобро. Овие хороскопски знаци секогаш ќе ви бидат потпора и рамо за плачење…

Овен
Ја искажуваат поддршката така што често проверуваат како сте. Не дозволуваат да помине премногу време пред повторната средба. Можеби нема да ви се јавуваат секој ден, но штом помислите дека не сте се чуле подолго време, тие ќе ве побараат.
Близнаци
Кога минувате низ тежок период или имате некаков проблем, понекогаш многу е тешко да ја избистрите главата. Близнаците точно знаат кои прашања треба да ви ги постават за да ви помогнат. Тие продираат до коренот на проблемот и ви помагаат да смислите решение.
Риби
Рибите се исклучително интуитивни и точно знаат каква поддршка ви е потребна во одреден момент. Многу се грижливи, па секогаш ќе ви дадат совет. Кога ќе ве прифатат и сместат во своето срце, тешко дека некогаш ќе ви го свртат грбот. Ако ви притреба нивната помош, тие ќе бидат тука за вас.
Девица
Девиците ќе ви помогнат да го решите секој проблем или мирно ќе седат и ќе ве слушаат. Можете да им верувате. Ќе ве поддржуваат и кога треба и кога не треба, а никогаш нема да ве издадат.
Вага
Вагите знаат како да создадат опкружување без стрес што ќе ви помогне да се смирите. Ако треба, ќе ви помогнат околу работите кои вие немате волја да ги правите или ќе ви дадат поддршка на друг начин, макар со своето присуство. Вагите не се плашат да покажат дека се тука за вас, а нивната суптилна поддршка е најискрена.
Рак
За Раковите не постои ништо поважно од поддршката на луѓето кои ги сакаат. Тие не само што ќе бидат тука за вас, туку и ќе ви покажуваат со зборови и со дела колку ве сакаат. Ако не знаете да барате помош, тие ќе знаат колку добро би ви дошло тоа, па ќе ви пристапат. Нивната поддршка е речиси безгранична.