Човек со детектор за метал шетал низ една ливада во Данска, и нашол паричка која датира од деветтиот век.

Откако прошетал пошироко по ливадата нашол уше 18 парички, по што ги повикал надлежните од музејот, кои пак успеале да најдат 252 сребрени парички во регионот на Рибе.
Тие велат дека овие парички се користеле за купување на пазарот во Рибе, но не секој имал такви парички во џебот.
„Да беше така, до сега ќе имавме најдено многу вакви парички“, велат од музејот.
Паричките се многу добро зачувани, поради влажноста на земјата во која стоеле, па научниците може да соберат многу податоци за тој период од животот на Викинзите.
Паричките ќе бидат изложени одреден период во музејот на Викинзите во Рибе, а потоа ќе бидат пренесени во Националниот музеј на Данска во Копенхаген.