20 години по дивјачкото убиство погребан студентот чија смрт ги промени САД

од desk2
80 прегледи

Повеќе од две децении по дивјачкото убиство кое ја шокирало Америка и предизвикало преиспитување на хомофобното насилство, Метју Шепард конечно вчера бил погребан во Националната катедрала во Вашингтон.

“Важно е дека конечно имаме дом за Мат, дом кој е безбеден, кој другите можат да го посетата, во кој никој нема да го мрази и кој толку го сакаше”, рекол неговиот татко Денис Шепард.

“Мат ја сакаше црквата, ја сакаше мисата, го сакаше фактот дека тоа е прибежиште за секој што ќе влезе таму”, додал таткото и и се заблагодарил на катедралата што го прифатила неговиот син.

Го намамиле, дивјачки го претепале и го оставиле на поле
Шепард, 21-годишен студент по политички науки и странски јазици, кој сакал да биде дипломат, бил намамен од двајца мажи кои се преправале дека се хомосексуалци.

Го извлекле со измама од бар во Ларамеј во октомври 1998. година, го соблекле гол, дивајчки го претепале и го оставиле врзан на ограда на поле.

Случајни минувачи го пронашле 18 часа подоцна, а прво мислеле дека е плашило. Умрел во болница неколку дена подоцна.

Двајцата мажи, Арон МекКини и Расел Хендерсон биле прогласени за виновни за убиство и осудени на две доживотни казни.

Неговиот погреб го попречувала екстремна група со натписи “Бог мрази хомосексуалци”.

Стравувајќи дека гробот ќе му биде вандализиран, родителите на Шепард ги чувале неговите остатоци во урна во својата куќа.

Сега е погребан во катедрала, што е ретка чест. Таму последно почивалиште пронашле само 200 луѓе, вклучувајќи ги и поранешниот претседател Вудоу Вилсон и активистката Хелен Келер.

Последниот поздрав го водел Џин Робинсон, првиот бискуп хомосексуалец во Епископалната црква.

“Мат беше посреќен од повеќето млади хомосексуалци таа 1998. година. Имаше брат и родители кои го сакаа”, рекол Робинсон. Им се заблагодарил на неговите родители што тој ужасен настан го претвориле во нешто добро.

Свештеникот потоа пратил и политичка порака, повикувајќи ги сите на конгресните избори на 6. ноември.

Мат, мирно почивај тука. Сега си безбеден
Робинсон предупредил дека правата на ЛГБТ Американците се повторно загрозени.

“Токму сега, мета е трансродната заедница”, рекол бискупот, реферирајќи на најавите дека администрацијата на Доналд Трамп размислува за тоа родот да го дефинира како чисто биолошка категорија.

“Постојат сили кои ги избришале од Америка, би им го ускратиле правото да се дефинираат сами. Мора да биде покрај нив”, рекол тој и добил аплауз од насобраните.

Погребот завршил со трогателна порака за убиениот студент – “Мат, мирно почивај тука. Сега си безбеден. И да, добредојде дома”.