Временска прогноза

од desk4
310 прегледи

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и ветровито. Во текот на денот на запад и на југоисток ќе се зголеми облачноста. Ќе дува  умерен дозасилен јужен ветер  особено изразен во југозападните делови и долж  Повардарието. Утринската температура ќе се движи од еден до седум степени, а дневната температура од 18 до 25 степени.

Daylight Saving Time. Wall Clock going to winter time

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди.  Утринската температура ќе достигне до четири степени, а дневната температура до 24 степени.

Под влијание на јужно струење следува период на топло време со умерен, до повремено  засилен југоисточен ветер. Температурата на воздухот ќе биде над просекот за овој период од годината. Од понеделник ќе има повремено зголемување на облачноста со појава на краткотраен локален дожд особено на југозападот.