
Постојат неколку основни правила за здрава исхрана кои може да се применууваат секаде во светот, но секако најпрвин треба да бидете сигурни дека јадете вкусна и здрава храна, вели за „Стандард“ нутриционистот Билјана Ристеска.
Таа објаснува дека балансираната исхрана е важна за одржување на добро здравје и може да ви помогне да се чувствувате посилно и подобро.
-Едноставно, следете ги овие неколку совети и почнете да се грижите за самите себеси. Вашето тело ќе ви биде благодарно, советува Ристеска.
1. Пијте доволна количина на вода секој ден – никогаш немојте да дозволите да почувствувате жед
2. Јадете многу овошје и зеленчук
3. Изберете храна во вистинска смисла на зборот – не сé што е понудено низ маркетите и се продава како хранлив намирник е секогаш вистинскиот и здрав избор
4. Гответе здраво дома
5. Бидете активни и одржувајте здрава телесна тежина
6. Јадете полека и знајте кога да престанете
7. Имајте шарена исхрана
8. Додадете зачини во вашиот живот
9. Конзумирајте повеќе риба
10. Намалете со заситените масти и шеќер
11. Јадете помалку сол
12. Не го прескокнувајте појадокот
13. Јадете локална храна – храна која ја има на поднебјето во кое живеете, сезонската храна е вистинскиот избор

