Меркел се откажува од лидерската позиција во ЦДУ

од desk2
139 прегледи

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави пред лидерите на нејзината Христијанско-демократска унија (ЦДУ) дека нема повторно да се кандидра за претседател на партијата на изборната конференција во декември, јави ДПА повикувајќи се на партиски извори.


Таа најави и дека по завршувањето на нејзиниот мандат во 2021 година нема да се кандидира за каква било функција во Европската унија.

Поранешниот лидер на парламентарната група Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и нејзината баварска партија Христијанско-социјална унија (ЦСУ) Фридрих Мерц е подготвен да се кандидира за претседател на ЦДУ, јавија германските медиуми повикувајќи се на конзервативни извори.

Наводите за кандидатурата на Мерц уследија по објавувањето дека на изборната конференција во декември германската канцеларка Ангела Меркел нема повторно да се кандидра за претседател на партијата.

Таа најави и дека по завршувањето на нејзиниот мандат во 2021 година нема да се кандидира за каква било функција во Европската унија.

Меркел е на чело на демохристијаните е од 2000 година, а со нејзиното откажување од претседателската функција почнува трката за наследник и на местото германски канцелар.

Конзервативниот сојузник на германската канцеларка Ангела Меркел и министер за внатрешни работи Хорст Зехофер е незадоволен од намерата на германската канцеларка Ангела Меркел да се повлече од претседател на Христијанско-демократска унија (ЦДУ).

Тој најавите за повлекување на Меркел од лидерската позиција во ЦДУ ја оцени како „срамота“, додавајќи оти нивниот однос е обележан со „меѓусебно почитување“.

И покрај тоа што Меркел планира да остане канцеларка до истекот на мандатот односно до 2021 година, сега се поставува прашањето за иднината на Зехофер, со оглед на лошите резултати што неговата Христијанско-социјална унија (ЦСУ) на изборите во Баварија.

По таквите најави од страна на Меркел се огласи и поранешниот лидер на парламентарната група ЦДУ и нејзината баварска партија ЦСУ Фридрих Мерц, кој изјави дека е подготвен да се кандидира за претседател на Христијанско-демократска унија.

Во меѓувреме и германскиот министер за здравство Јенс Спан изјави дека планира да се канидира за партиски лидер на ЦДУ, јави германската новинска агенција ДПА, повикувајќи се на неименувани партиски извори.

И генералниот секретар на ЦДУ, Анегрет Крамп-Каренбауер исто така највил дека ќе претендира за претседател на демохристијаните.

По објавената вест дека Меркел се повлекува од политичкиот живот забележан е пад на вредноста на еврото на берзите.

Слични содржини