Навиката за гледање порно содржини на вработен во државната служба Геолошки истражувања на САД (USGS) доведе до „заразување“ на државната компјутерска мрежа со штетен софтвер, стои во официјалниот извештај на службата.

Државниот службеник, чие име не беше објавено, имал „богата историја на посетување веб-страници со порнографска содржина“.
Истрагата покажала дека имало компјутерски вируси на 9.000 страници што ги посетил државниот административец.
Канцеларијата на генералниот инспекторат на САД препорача USGS да ги стави на „црна листа“ овие сајтови.
„Нашите анализи потврдија дека голем дел од порнографските содржини биле зачувувани на неовластен USB стик и личен Android телефон“, стои во извештајот.
Покрај владините компјутери, и личниот мобилен телефон на службеникот бил заразен со компјутерски вируси, покажала истрагата.
Вработените во USGS се советуваат да не поврзуваат надворешни неовластени USB стикови и лични телефони со службените компјутери.