„Размена на книги“ во Пехчево

од desk2
238 прегледи

Промовирање на читањето и љубовта кон книгите беше главна цел на активноста „Размена на книги“ која синоќа се реализираше во Пехчево. Настанот кој го подрржа матичната библиотека “Кочо Рацин” , го иницираше наставникот Магдалена Поповска која рече дека со самата огромна заинтересираност за настанот целта за промовирање на читањето кај децата е остварена.

-Мене како наставник посебно ми е драго што имаше помали посетители кои со себе си носеа детска литература и си разменија книги. Ова е само доказ дека во Пехчево многу се чита, а нели тоа ни е и целта, да им покажеме на децата дека читањето не е страшно. Инаку, активноста за размена на книги е поттикната од фејсбук групата „Размена на книги и книжевни муабети“ и администраторите на истата, кои навистина вложуваат голем труд да го промовираат читањето и љубовта кон книгите, рече Поповска.

Голема благодарност до сите што го поддржаа настанот упатија и од матичната библиотека Кочо Рацин од Пехчево.

-Се дружевме и разговаравме за книгата што е едно прекрасно чувство кое се надевам ќе продолжи да ја негува љубовта кон пишаниот збор. Со овој настан воедно упативме апел до сите кои учествуваа на настанот редовно да присуствуваат на активностите кои ги организираме за најразлични поводи, рече директорката на библиотеката Јасмина Цековска.

Додаде дека библиотеката е една од најактивните во Македонија. Во неа членуваат голем број на членови како од Пехчево така и од околните места од каде редовно се позајмуваат најновите изданија на книги кои секогаш се меѓу првите на полиците во библиотеката.

Од страна на организаторите на првата размена на книги во Пехчево беа обезбедени и скромни награди за учесниците.