
Досега во Институтот не се пријавени несакани реакции предизвикани од оваа вакцина. Вакцината против ХПВ се употребува во многу земји во светот, но кај нас одзивот за вакцинација е се` уште слаб.
https://infogram.com/priavi-za-nesakani-reacii-od-vakcini-1h0n2595mvnz4pe
Ако се погледнат подетално бројките од извештајот на Институтот за јавно здравје, се забележува дека вкупниот опфат со две дози вакцина против заболувања причинети од ХПВ во државата изнесува 48 отсто. Опфатот се движи од 12,1 отсто во Битола, до 100 отсто на територијата на само неколку подрачни единици – Кавадарци, Св. Николе, Берово, Виница, Делчево, Пехчево, Кратово, Дебар и Пробиштип. Опфат понизок од вкупниот опфат во земјата (48 отсто) е регистриран во Тетово, Гостивар, Струмица, Охрид, Скопје и Битола.
Maкедонија е една од првите земји во регионот кои ја имаат воведено во редовниот календар за вакцинација./Мета


