Временска прогноза

од Марта Пешевска
220 прегледи

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 18 до 23 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

Продолжува периодот на стабилно и суво време со повремено зголемување на облачноста, особено во четврток. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, а температурата ќе биде во постепено опаѓање.