Правда за животните,Дајте ни го Вардариште, Во Дрисла ја закопавте вашата совест, беа дел од пораките кои ги испратија тринаесет граѓански здруженија и активисти и кои маршираа за похумано утро на бездомните животни.

Активистите од улиците низ Скопје го потсетија градоначалникот Петре Шилегов на неговите ветувањето дека ќе го реши проблемот со бездомните животни и ќе стави крај на суровите услови во стационарот Вардариште. Здруженијата од власите побараа и да раководат со сите стационари во државата.
„Убуивање на кучиња од страна на градоначалникот нема да го реши проблемот. Ние го немаме затворено вентилот за размножување. Само непиотребно ќе трошиме пари.“ – изјави Радмила Пешева.
„Состојбата во вардариште е катастрофална, се заловуваат мали кученца, по стерилизација се фрлаат на бетон.“ – изјави Драгана Велкова, активист и советник во Советот на град Скопје
На протестниот марш од Собрание до Владата и Градско собрание граѓаните и љубители на животни чекореа заедно со своите миленичиња алармирајќи дека со години наназад се врши насилие врз животните кои не по своја вина улиците се нивниот дом.
Од здруженијата велат дека проблемот со животните може да се реши во период од неколку години, но само ако имплеметираат искуствата од европските земји Од здруженијата најавија нови протести доколку не се реши трајно и суштински проблемот со бездомните животни. Најпрозваниот скопскиот граданачланик реши да молчи. Икао најпрво од неговиот кабинет најавија соопштенија, потоа се повлекоа.
Од Агенцијата за храна и ветринарство пак веднаш после протсетот преку соопштение информираа дека не постојат законски пречки едно прифатилиште да биде раководено од здружение за заштита на животни./24 Vesti