Вработен во УЈП уапсен за поткуп

од desk2
106 прегледи

Вработен во Управата за јавни приходи попладнево во Скопје е уапсен под сомнение за примање поткуп. Според информациите станува лицето Љ.С. кое е уапсено во кафуле во трговскиот центар Зебра во Скопје. 

Неофицијално уапсениот седнал во кафулето а потоа едно лице му дало коверт со пари кое уапсениот го зел.

Засега нема официјални информации од МВР, деталите ќе бидат дополнително соопштени.

Извор: 24Вести