Кучињата, без да згрешат, може да надушкаат некои болести

од desk2
150 прегледи

Досегашните научни истражувања кои покажуваат дека кучињата можат да намирисаат одредни болести кај луѓето, сега се дефинитивно потврдени откако е направена листа на заболувања кои кучешкото душкање може да ги почувствува, пишува theguardian.com.


Минатата недела научниците докажаа дека доволно е кучето да ги намириса чорапите на некој за да знае дека има маларија. По само неколку месеци тренинг лабрадор и лабрадор-ретривер можеле од маса луѓе да ги издвојат заболените деца.

Рак на простата

Уште во 2015 година, едно италијанско истражување покажа доколку тренирате кучиња да осетат одредени хемикалии, тие можат да предвидат рак на простата. Имено, во рамки на експериментот дресирани се два германки овчари да намирисаат одредени хемикалии, и кога ги вовеле во просторија со здрави и заболени учесници во испитувањето, кучињата биле во право во 90 отсто од случаите. Интересно е дека кај мнгу заболени болеста не била утврдена.

Во тек е студија која ќе открие како се однесувата кучињата во секојдневно клиничко окружување.

Дијабетес

Кучиња веќе се користени за испитување на нивната способност да намирисаат екстремно висок или низок шеќер во крвта. ХУманитарната организација “Hypo hounds” години наназад тренираат куќиња да намирисаат нарушување на шеќерот во крвта кај своите сопственици така што им ја намирисуваат потта. Животните можат да го намирисаат нарушувањето пред клиничките тестови да го покажат тоа.

Паркинсонова болест

Истражувањата на Универзитетот во Манчестер настојуваат да покажат дека кучињата можат да се издресираат да почувствуваат Паркинсонова болест некогаш и години пред да се појават првите симптоми. Работата е заснована на фактот дека жена позната како „супер-душкало“ ја открила промената на мирисот на телото на својот сопруг шест години пред да му биде дијагностицирана Паркинсонова болест.

Рак на дојка

Уште една хуманитарна организација “Buckinghamshire healthcare” стои зад дресурата на кучиња кои ја надушкуваат оваа болест. Денес жените може да одат на мамографија еднаш во три години заради зрачење, но ако кучињата можат да ја надушкаат болеста тогаш бројот на откриени болни ќе се зголеми за 50 отсто, но и лечењето би било посигурно.