Шефот за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, ги повика Србија и Косово на дијалог , пренесе Дојче Веле.
Таа на средбата со претседателите Александар Вучиќ и Хашим Тачи, инсистираше на тоа властите на двете земји да се воздржат од акции што ќе ја интензивираат тензијата во последниве месеци .
Претседателите Вучиќ и Тачи се состанаа во Брисел, но средбата заврши без конкретни резултати.
Не е познато кога и каде ќе се одржи нов самит.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц претходно оваа недела го повика државното раководство на Косово дека дијалогот со Србија е основа за секој чекор кон пристапување во Европската унија .
Косово и Србија веќе 7 години преговараат за пристап во ЕУ.
Косово прогласи независност од Србија во 2008 година, но Србија не ја признава оваа акција и тензијата меѓу нив продолжува.
Создавањето на косовската армија дополнително ги затегна односите со Србија.
