Приведените во „Империја“ донесени на распит пред судија на претходна постапка ( Галерија)

од desk4
169 прегледи

Во Кривичниот суд попладнево на распит пред судија во претходна постапка беа доведени петмината осомничени кои се приведени денеска во новата истрага „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство, меѓу кои и Ненад Јосифовиќ и Цветан Панделевски.

Од СЈО нема официјална потврда дали меѓу останатите тројца се и бизнисменот Јордан Камчев и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

Покрај, Јосифовиќ и Панделевски, СЈО денеска отвори истрага со кодно име „Империја“ и против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.

Тие се осомничени за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

Во текот на предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост.

Во текот на денешниот ден СЈО во соработка со МВР, изврши 12 претреси и приведени се пет осомничени лица.

Се бара притвор за првообвинетиот  Орце Камчев.Тој  пред неколку години беше прогласен за најбогат Македонец од магазинот „Форбс“,  а се бара притвор поради опасност од бекство, уништување на докази и влијание врз сведоци.

  Во 2005 година Орце Камчев беше гонет за даночно затајување поврзано со даночна пирамида. Откако неколку месеци се криеше во странство, сам се пријави во притвор, но таму одлежал само една ноќ оти платил кауција од 60 илјади евра за да се брани од слобода

На 13-ти април оваа година од македонското Министерство за надворешни работи соопшти дека е упатено барање од Софија Камчев да биде назначен за почесен конзул, но до овој момент нема одобрение од страна на Владата во Скопје. Камчев е сопственик и акционер во многу компании.

До февруари 2017 година тој еден од сопствениците на “МПМ” – банкротираната медиумска компанија која се истражува од Специјалното обвинителство како најголем донатор на предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори во 2013 година со 252 843 евра. Партијата беше предводена од Никола Груевски.

 

 

Фото МИА

Слични содржини